Нашата најпопуларна поп и РнБ пејачка Елена Ристеска, се огласи по исмевањето со светите нешта и со светците, сквернавењето на ликот Божји во човекот на префромансот на ЛГБТ заедницата.
– Една мисла од многуте мудрости на Платон: Преголемата слобода не е ништо друго освен преголемо ропство. А мудриот апостол Павле, кој им е познат на сите и кој ја покрстил цела Европа, поминал дури и на територијата на нашата Татковина, вели дека се ни е позволено но не ни е се од полза. Колку мудро кажано! Значи треба да имаме самоконтрола. Верата ги прифаќа сите, а Бог посебно ги милува грешниците, ги љуби, го сака нивното поправање. Затоа, несфатливо е исмевањето со светите нешта и со светците, сквернавењето на ликот Божји во човекот, бидејќи тоа не претставува слобода, туку повредување на нечии чувства.Симболите на верата го симболизираат нашето раѓање, нашиот живот и смртта. Ништо не ве чини да ширите љубов, да ширите позитивна енергија и да се молите.
Сакајте се себе си, сакајте си ја верата, оти таа ве сака вас. Бог е со нас, во нас и секогаш со сите. Бог никого не остава. – напиша Елена на Инстаграм.