Магазин 26. јуни 2020. / 11:03

Експертите предупредуваат: Лифтовите потенцијални жаришта на Ковид-19

Експертите предупредуваат: Лифтовите потенцијални жаришта на Ковид-19

Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите. И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема веројатност самите лифтови да бидат жариште на корона    вирусот.

Германската компанија МИКРОДЕЛ, основана од Македонецот, Димче Поповски, соочувајќи се со корона вирусот, го повика својот тим експерти да создадат иновативен и револуционерен концепт за чисти и безбедни лифтови.

УВ-гермицидал е систем конципиран со софистицирана технологија, ефективно елиминира 99 проценти од бактериите и вирусите во воздухот во лифтот, со што го прави целосно чист и безбеден. Тој е креиран да ги блокира предизвикувачите на заразни болести кои ги има во воздухот, на принцип на тотална стерилизација, и е прочистувач на загаден воздух – појаснуваат од компанијата.

Експертите, исто така советуваат дека не е доволно само дезинфицирање на лифтовите на класичен начин еднаш дневно, потребни се интелигентни решенија кои ќе бидат активни нон-стоп. Според нив, токму лифтовите во работните простории, болниците итн., што се пофреквентни и од оние дома се постојан извор на зараза и пред појавата на Ковид-19.