Магазин 26. април 2020. / 22:05

Египет: Пронајдена мумија стара 3.600 години

Египет: Пронајдена мумија стара 3.600 години
Египетските и шпанските археолози пронајдоа мумија од 3.600 години во Луксор, на источниот брег на Нил.
Во гробницата е откриена дрвена кутија со големина од 1,75х0,33 метри, а во него биле мумифицирани остатоци од 15-годишно девојче.
Во ковчего  имало  и дрвена фигура на Шаби, завиткана во ленен завој, со врежан текст кој го открива идентитетот на погребана по име Dеути.

Како што пренесуваат странските медиуми, надворешноста на белата и внатрешната страна на црвениот сандак  датира од периодот на 17-та династија на фараонот, односно 1.600 години п.н.е.

Пронајдени се четири ѓердани изработени од скапоцени камења со различна боја, бакарна обетка во увото на мумијата и еден пар црвени сандали на дното.

Сандалите беа врежани со мотиви што го претставуваат богот Бес, мачки, кози, цвеќиња …

Мумијата беше поставена на десно во сандакот  и ја пронајдоа египетски и шпански археолози кои извесно време спроведуваат истражувања во областа.