Магазин 13. јуни 2019. / 16:59

Џихадистите во Швајцарија за да се прикријат јадат свинско

Џихадистите во Швајцарија за да се прикријат јадат свинско

Исламската држава и исламистичките групации предизвикале досега невиден бран на џихадистичка радикализација во Швајцарија, а едно истражување посебно укажува со проблемот на радикализација во затворите.

Истражувањето покажува дека сликата на радикализацијата во Швајцарија е слична како и во соседните држави и дека станува збор пред се за мажи, мигранти од втора генерација меѓу 18 и 35 години, со ниско ниво на образование и кои се лошо интегрирани на пазарот за работа, а 40 проценти од нив живеат од социјална помош.

Кај една петтина радикализирани станува збор за лица кои преминале во ислам. Големо влијание при радикализацијата имаат акциите со делење на Куран, како и пишувањата на социјалните мрежи.

Центар на радикализацијата се затвори во кои се притворени натпросечно голем број на муслимани. Според истражувањето, во 2016-та година дури 43 проценти од сите затворени биле муслимани.

Често е тешко да се открие процесот на радикализација зад решетки, бидејќи затворениците ја прикриваат нивната радикализација.

Така еден неименуван директор на еден затвор рекол дека некои радикализирани исламисти, за да се прикријат, јадат дури и свинско месо.