Магазин 26. март 2020. / 10:54

Џеф Безос на удар на Американците – Бара помош за „Амазон“!

Џеф Безос на удар на Американците – Бара помош за „Амазон“!

Само за неколку часа, најбогатиот човек на Земјата, Џеф Безос, се претвори во најомразена личност на територијата на САД. Тој основа фонд за помош на вработените во „Амазон“ и ги повика луѓето да донираат во него за да можат најпогодените да си ги зачуваат работните места. Првичната сума, што во фондот ја внесе Безос, изнесуваше 25 милиони долари. Фондот ќе ги исплаќа платите на оние вработени, кои немаат право на болничко лекување.

„Амазон“ е една од првите компании во светот, што надминаа 1 билион долари капитализација. Богатството на Безос се проценува на 110 милијарди долари.

Повеќето луѓе сметаат дека е цинично во ваква ситуација да бараш помош за да не ги отпуштиш вработените, кога можеш едноставно да брцнеш во сопствениот џеб.