Магазин 06. мај 2020. / 10:42

Џамбазов го честиташе Денот на Македонскиот јазик на сите и упати порака до политичарите

Џамбазов го честиташе Денот на Македонскиот јазик на сите и упати порака до политичарите

Вчера, 5-ти мај беше Денот на македонскиот јазик. АСНОМ, на своето Прво заседание на 2 август 1944 година, донесува решение за воведувањето на македонскиот како службен јазик. Со објавувањето на македонската азбука на 5 мај и со усвојувањето на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година од Народната влада на Федерална Македонија, се случува кодификација на современиот македонски литературен јазик.

Македонија го одбележа својот празник, па бројни видни личности упатија честитки по тој повод. Директно од Стар Дојран, каде „со врски“ е дислоциран во изолација за време на корона пандемијата, македонскиот актер, водител, пејач, пистал, шоумен… и се’ друго што го бива да биде, Игор Џамбазов, исто така упати честитки по повод празникот. На сите, вклучувајќи се и себе си, ама најмногу на политичарите.