Магазин 25. декември 2020. / 11:04

Џафери го честита Божиќ на верниците

Џафери го честита Божиќ на верниците

Претседателот на собранието Талат џафери им го честита на верниците од католичка вероисповед кои големиот христијански празник, Христово раѓање – Божиќ го слават по грегоријанскиот календар.

„Соочени со тешката година која ја поминуваме и ние и целиот свет поради пандемијата со КОВИД-19, како луѓе се соочуваме со нашата кревкост и ранливост. Јасно е дека за надминување на овој тежок предизвик и навикнување на наметнатите промени во воспоставените навики и начин на живот потребна е огромна внатрешна, душевна сила и здраво резонирање на состојбата за тоа да се рефлектира и во добро здравје и позитивен дух. Во овие мигови, кога се ближат празниците, секој поединец има исклучително важна
улога во ширењето на позитивните мисли на надеж, верба, меѓусебно разбирање и почитување, солидарност, хуманост, пожртвуваност и сплотеност. Со тоа што, сега сплотеноста се практикува на поинаков, виртуелен начин, меѓутоа, убавиот и топол збор, секако си го наоѓа патот до срцето на добронамерните луѓе“, порача Џафери.

Тој посака да имате убави празнични денови, во топлиотсемеен круг, во добро здравје, мир, спокој и благосостојба!