Магазин 05. мај 2020. / 11:01

Драган Вучиќ ќе биде погребан во присуство на најблиското семејство и со строги карантински мерки

Драган Вучиќ ќе биде погребан во присуство на најблиското семејство и со строги карантински мерки

Во најстроги карантински мерки, следејќи ги санитарните протокли, на градските гробишта во Бутел денеска во 13 часот ќе биде погребан познатиот пејач и водител Драган Вучиќ. Тој вчера ја изгуби битката со корона вирусот.

Неговото тело од 12 до 13 часот ќе биде изложено на отворено на градските гробишта, а улицата каде што се наоѓа гробното место ќе биде затворена од 12 до 14 часот, согласно мерките.

Погребот ќе биде изведен во кругот на семејството и најблиските пријатели поради пандемијата на новиот корона вирус, Ковид-19. Присутните задолжително ќе треба да носат маски и да стојат на растојание од два метри, а исклучена ќе биде естратада и неговите пријатели од соседството кои заради затвореноста на границите и протоколите за патување ќе нема да можат да присуствуаат на последното испраќање на популарниот музичар.

Вчерашната вест за смртта ја потресе македонската, но и балканската јавност. Вучиќ почина на Инфективната клиника, на која се лекувал осум дена. Тој бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега, откако состојбата му се влошила. Имал многу тежок наод на белите дробови.