Магазин 12. ноември 2020. / 21:58

„До денеска беше херој, сега е божество“, што медиумите од регионот пишуваат за Пандев

„До денеска беше херој, сега е божество“, што медиумите од регионот пишуваат за Пандев

„Пандев испиша историја“, „Пандев е легендата на Македонија“, „До денеска беше херој, сега е божество“ ова се само мал дел од насловите на медиумите од регионот кои на првите страници ја пренесоа веста за историската победа на македонската фудбалска репрезентација и пласманот на европското првенсто.

Српски Блиц пишува дека овој 12-ти ноември со златни букви е испишан во историјата на фудбалот во Македонија. Од осамостојувањето земјата за прв пат се пласира на Европското првенство со победата над Грузија со 1:0.

-Овој 37-годишник до денеска беше херој на земјата, најдобар фудбалер, а од денеска е божевство! Од распадот на Југославија, Македонија не успеа да се пласира на ЕП, а овој пат успеа со победа над Грузија и Косово со 2:1, пишува медиумиот.

Пандев испиша историја и заплака, пишува Б92. Медиумот пишува дека фудбалрот ја преживува втората младост.

-Тоа беше одлична акција во четири потези во кои учествуваа „Италијанците“, играчот за врска на Наполи, Елиф Елмас, напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски и напаѓачот на Џенова Пандев. Херој на натпреварот беше 37-годишниот Горан Пандев, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 56-та минута, негов 36-ти погодок на неговиот 114-ти настап во репрезентативниот дрес, пишува Хина.

Селекцијата на Македонија ќе игра во група со репрезентациите на Холандија, Украина и Австрија на Европското првенство.