Доскорешната министерка за правда, Рената Дескоска, на социјалните мрежи објави дека не сака да носи заштитна маска.
Но сепак, нелагодноста која ја создаваат маските, не значи дека истите не треба да се носат. Поранешната министерка за правда, во нејзината објава на фејсбук откри дека на владините седници уште кога беше министерка во Владата, пред изборите, се размислувало за задолжително носење на маска на отворено, на што таа се спротивставувала.