Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура се движи од 4 до 12, а дневната од 19 до 25 степени Целзиусови.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.