Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови, соопшти УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 12 степени.
Утринава највисока снежна покривка е измерена на Попова Шапка од 83 сантиметри, потоа Маврово 44 сантиметри и 24 во Крушево. Најстудено било во Берово каде се измерени -6 степени, во Скопје -5, Куманово -4, потоа -3 Тетово, Штип, Струмица, Крива Паланка, Гевгелија и Демир Капија, -2 Прилеп, Битола, Претор, Дебар и Крушево, -1 Охрид и Маврово и 0 степени во Дојран.
Утре во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој во западните делови ќе достигнува брзина од 80 километри на час. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, а во западните делови ќе преминуваат во снег. Под влијание на студен бран од север од вторник следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.
Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а до крајот на неделата мала снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места.