Времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура се движи од минус 3 до 6 степени Целзиусови, а дневната ќе биде од 4 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Утринската температура достигна до 4, а дневната ќе се искачи до 10 степени Целзиусови.
Од УХМР посочуваат дека од утре во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, а од задутре ќе има и значителен пораст на дневната температура.