Православните христијани денеска одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.
Црквата четирипати годишно пропишува посебни денови, задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
Задушница секогаш е во сабота, ден од црквата одреден за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или, пак, избрка туѓинец од гробот.
Оваа Задушница секогаш е во саботата една седмица пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.
Седмицата пред Прочка е наречена Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо, туку се јадат млечни производи.
Од понеделникот по Прочка почнуваат големите Велигденски пости што траат седум недели се до Воскресенито Христово – Велигден.