Припадниците на српската заедница денеска го прзнуваат празникот свети Сава, првиот српски архиепископ.
Сава бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон.
Свети Сава се упокоил во 1236 година.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари (понеделник), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.
Денеска се слави и Света Нина. Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос.
Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј словенските народи.