Врнежи од дожд, а на планините од снег под влијание на влажен бран ќе има денеска , а од крајот на викендот ќе има пораст на температурите и ќе достигнат до 19 степени.
– Врнежите ќе бидат пообилни денеска попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).