Магазин 15. јули 2020. / 08:35

Денешниот изборен ден, неработен за сите граѓани

Денешниот изборен ден, неработен за сите граѓани

Поради одржување на предвремени парламентарни избори, денешниот ден е наеработен за сите граѓани во државата и нема да се одработува.

Според одлуката на Владата, оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат денеска, треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.

Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис, соопштија од Владата.