Магазин 10. јули 2020. / 10:07

Дарко Рундек на Антички театар во Охрид на 15 август

Дарко Рундек на Антички театар во Охрид на 15 август

Херојот од 80-те, големиот Дарко Рундек доаѓа во Охрид – на концерт под отворено небо!

По концертот на Амира Медуњанин задоволство ни е да ви го најавиме нашиот втор проект во Античкиот театар во Охрид. На 15 август ќе настапи Дарко Рундек со својата екипа којшто конечно ќе има концерт на вистинското место како што заслужува – објавија организаторите.

Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум „Brisani prostor“ со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика. Секако, во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови, како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња – „Хаустор“.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален. Тоа е согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено. Само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата ексклузивност.

Влезниците ќе може да ги набавите онлајн на avalon.mk и долж продажната мрежа на Авалон низ земјава. Тие ќе бидат пуштени во продажба уште од денес (петок, 10-ти јули), по следниве цени и категории: трибини – 1.000 и VIP – 1.500 денари.