Магазин 05. август 2019. / 21:07

Да бидеме хумани: Отворени сметки за донации на семејствата оштетени од пожарот во Гевгелија

Да бидеме хумани: Отворени сметки за донации на семејствата оштетени од пожарот во Гевгелија

Шестиот ден од несреќниот пожар кој ја зафати зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 во Гевгелија се отворија официјални банкарски сметки за собирање на донации.

Oд граѓаните наменети исклучиво за оштетените семејства од опожарените станови од шестиот кат како и за другите семејства кои претрпеа штети за време на пожарникарската интервенција.

Од денеска, 05 август 2019, отворени се и трансакциски сметки за денарски и девизни парични донации за погодените семејства:

Име на Банката: ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

Носител на сметката: Игор Димов

Адреса на корисникот: Ул.Ристо Чавдаров бр.25/1-12 Гевгелија

Денарска трансакциска сметка: 270 -7000516742 – 74

Девизна трансакциска сметка: 270 -7000516745 – 65

IBAN Code MK07270700051674565

SWIFT EXPCMK22

Име на Банка ХАЛКБАНК АД Скопје

Седиште на банката: Ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54

Р. Македонија

Од Општина Гевгелија известуваат дека помош во предмети за домаќинство, апарати, мебел или друго што сметаат за неопходно за олеснување на животот на станарите погодени од несреќата со пожарот во станбената зграда на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 да донираат во просториите на Пионерскиот Дом во Гевгелија. Просториите на Пионерски ќе бидат отворени за прием на Вашите донации секој работен ден од 08 до 20 часот. Телефон за контакт: 070 459 345 (Мими).

Луѓето од изгорените станови немаат ништо од својот дом. Ништо. Ниту столче, ниту лажица, ниту прекривка, ниту кревет. Домовите треба да им се обноват. Хуманоста е тука пресудна, како и интервенциите на надлежните за нормализирање на жовотот во некогашните нивни домови на шестиот кат од „Ристо Чавдаров“ како и оштетените од интервенцијата, на станарите од петтиот кат.

Да бидеме хумани, колку што можеме да одвоиме помош за нашите сограѓани.