Во јавноста често може да се забележи како одреден новинар, писател или интелектуалец се додворува на политичар.
Ваквиот наратив кој го креира нашата „елита“, јавноста знае да го проквалификува како проституција, затоа што јавното додворување изгледа како задоволување на потребите на политичарот на кој новинарот, писателот или интелектуалецот се додворува.
Без да имаме било каква намера да ги омаловажиме и да ја навредиме честа на наведените личности – ќе се потрудиме да ви ја откриеме основната типологија на сексуалните работнички претставена преку нашите писатели и новинари и нивниот начин на јавно настапување.
Во исто време, намерно ги исфрламе жените новинарки и писателки од коментирање, за да не дојде до непосакувана корелација на нивната професија со најстарата професија на светот.
ВЕНКО АНДОНОВСКИ – СПОНЗОРУША
Карактеристично за спонзорушите е тоа што тие одбиваат јавно да се гордеат со својата професија. Тие генерално не работат за пари туку за возвишување во социјалната хиерархија преку проституција но и добивање на скапи подароци и функција.
Понекогаш тие подароци се и во „кеш“ но се секогаш добиени поради завршуввање на некоја неблагородна работа, како на пример тоа еден од најпризнаените писатели во земјата да напише книга во која воздигнува олигарх и истата носи наслов „Шлемот е мојата круна“.
За спонзорство од типот бидување на советник на премиерот, овој тип на работнички знаат да напишат и убави зборови како „Оливер Спасовски е аристократ на духот, без разлика што моментално е министер на најнепопуларната работа во секоја држава – полицијата.“.
Генерално, овој тип на сексуални работнички, одбива да ја открие својата професија и многу често со презир гледа кон своите колешки, кои ги нарекува „камењарки“.
МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ – КАМЕЊАРКА
Камењарките генерално се најпотиснатите од сите подгрупи на сексуални работнички. Тие стојат на улица и прават најразлични перверзни акробации да го привлечат вашето внимание како политичар. Карактеристично за нив е што не изгледаат угледно и многу често користат неприлагоден и вулгарен речник.
Во сите останати колешки, но и жени, камењарките гледаат конкуренција и прават се за да се пресметаат со нив. Многу често знаат да замешаат и фамилии на политичките конкуренти на нивните спонзори – кои ги навредуваат. Понекогаш знаат и цврсто да се групираат со свои колешки и знаедно да напаѓаат.
Сепак, доколку како политичар одберете камењарка – ќе имате целосна и бескомпромисна услуга во која ќе ви бидат задоволени и најперверзните стасти. На табла со слика ќе бидат закачени сите ваши непријатели. Карактеристично за камењарките е што често запаѓаат во пороци.
САШО ОРДАНОСКИ – ЕСКОРТ ДАМА
Ескорт дамите работат со одбрана и елитна клиентела. Тие се помалку фини од спонзорушите (знаат да напаѓаат) но сепак се поприбрани од камењарките. Нешто на средина…
Нивното име можете да го најдете на рецепција на хотел или на некоја позната интернет страница. Знаат да кажат дека се прибирливи, но во суштина ги интересира само „буџетот“. Па така, иако сте контроверзен трансвестит, можете да ги ангажирате да работат во вашата компанија.
Во исто време, се навредуваат кога им кажувате што сакате да ви прават – тие самите знаат што треба да ви направат за да бидете неизмерно задоволни!
ДРАГАН ПАВЛОВИЌ ЛАТАС – СТАРА, СКАПА, СКОПСКА, „КУРВА“
Во една прилика, новинарот Драган Павловиќ Латас, во неговото гостување во емисијата „Јади Бурек“, на шега изјави дека е „Стара, скопска, скапа, курва“.
Очигледно овој тип е познат само во нашето поднебје и на човек може да му донесе многу материјални задоволства. Но, поради цената може да има и дефицит од работни ангажмани.
позитивен пример:
БРАНКО ГЕРОСКИ – ПОСЕСИВНА СОПРУГА
Целосно е неблагодарно Героски да се стави во групата на сексуални работнички, затоа што очигледно не е ниту спонзоруша, ниту пак дел од другите групи. Во односот со политичарите, тој има карактеристики на „посесивна сопруга“.
Доколку ги споделувате нејзините вредности, посесивнната сопруга нема никаков проблем да ве поддржи, но, доколку зaстраните од патoт – може фатално да се зафркнете и да имате сериозен проблем!
Посесивната жена е постојан коректор на вашето однесување.
ПОСЕБЕН ТИП, МАСЕРКА
Сепак, најголем дел од новинарите, писателите и интелектуалците, конформистички одбираат да ја одиграат оваа улога. Тие се спремни како политичар да ги задоволат ваште барања, но, без користење на полови органи и допири.
*Овој текст нема намера никого да навреди и омаловажи. Нашата цел е хумористично да ги претставиме односите во нашите медиуми.