По очајниот настап на најдобрата ракометна репрезентација на Македонија на Мундијалот во Египет, селекторот Данило Брестовац и РФМ се договорија за прекин на соработката.
Попладнево Ракометната федерација на Македонија со соопштение објавено на својата официјална интернет страница ја инфомираше јавноста дека ја завршила соработката со селекторот данило Брестовац.
Во соопштението од РФМ стои: -Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.