Магазин 12. август 2020. / 09:11

Братот на диџеј Ицко даруваше крвна плазма

Братот на диџеј Ицко даруваше крвна плазма

Владимир Меловски, брат на познатиот ДЈ Ицко, кој ја загуби битката си коронавирусот даруваше крвна плазма за да им помогне на сите кои имаат потреба од неа.

Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски – ДЈ Ицко кој ја загуби битката со ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош. Очекувам повик и за второ дарување бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го пратат мојот пример и потреба за победување на оваа болест, вели Владимир (45), излекуван пациент од коронавирус.