Магазин 08. ноември 2019. / 13:17

Боки 13 и Катица ќе патат – почина дизајнерот Патрик Луј Витон

Боки 13 и Катица ќе патат – почина дизајнерот Патрик Луј Витон

Модниот дизајнер Патрик Луј Витон, паравнук на основачот на модната куќа Louis Vuitton, почина во Франција на 68-годишна возраст, соопшти бугарската Нова тв. Причините за смртта на дизајнерот не се соопштуваат. Од модната куќа изјавија Патрик Луј ја продолжил семејната традиција со своето присоединување кон Louis Vuitton во 1973 година.

Модната куќа Louis Vuitton е основана од Луј Витон во 1854 година во Франција. Таа е специјализирана за производство на куфери и чанти, модна облека, парфеми и луксузни асесоари со иста марка.