Магазин 13. октомври 2019. / 21:44

Бобо Дајнерс има швалерка во Белград?

Бобо Дајнерс има швалерка во Белград?

Насловот на оваа вест е одвратен, нема никаква врска со јавен интерес и навлегува во приватноста на сопругот на министерката за одбрана.

Тотално е неважно дали Божидар Јанковски (а.к.а Бобо Дајнерс) има љубовница во Белград и дали постојат нивни заеднички фотографии. Тоа нема никаква врска со јавниот интерес за кој еден медиум (како што е нашиот), треба да работи.

Бобо има сопруга која е успешна политичарка, има и прекрасна ќеркичка која не би сакала да го види ова, но, за жал тој континуирано финансира вулгарни портали како „Мактел.МК“ кои навредуваат, шиканираат и омаловажуваат личности кои исто како и нив немаат никаква вина, ниту пак ги интересира политика.

Овој текст нема намера да го омаловажи или навреди Бобо, заедно со неговата фамилија, но има намера да го освести и да преку својата компанија Дајнерс да престане да финансира квази-новинарство во кое се занемаруваат етиката и сите професионални стандарди.

*Овој текст е дел од проектот на Економски Лидер кој повикува на општествена одговорност на огласувачите во медиумите.