Магазин 25. мај 2019. / 12:37

Битолчани контра ЛГБТ парада: Ќе организираат парада на родители и деца!

Битолчани контра ЛГБТ парада: Ќе организираат парада на родители и деца!

На 29. Јуни во Скопје, ќе се одржи првата Парада на гордоста во нашата држава. Оваа година се навршуваат педесет години од бунтот во еден Њујоршки бар, за почитување на правата на различностите.

Мислењата во јавноста се поделени. По социјалните мрежи преовладуваат оние кои го осудуваат парадирањето. Односно, немаат ништо против нивната определеност, туку им пречи самото парадирање и истакнување на различноста.

Организаторите и активистите од друга страна се гордеат што успеале за прв пат да организираат парада на која се надеваат дека нема да имаат проблеми, како при нивните обиди во минатото.

На социјалните мрежи се појави ивент за еден поинаков тип парада. Имено, Битолчани на 30. Јуни на Широк Сокак, ќе организираат исто така Парада на гордоста, на која ќе земат учество млади брачни двојки кои ќе дојдат со своите деца.

Повеќе информации за парадата во Битола, на следниот линк.