Студено утро во Македонија со температура што се спушти до минус 21 степен во Битола.
Во Берово се измерени -17 Берово, -15 во Струмица, -14 во Прилеп и Демир Капија, -12 во Лазарополе и Крушево, -11 во Маврово, -10 во Штип и Крива Паланка, минус девет во Скопје Петровец, Охрид, Претор и Пожаране, минус осум во Дебар, минус седум во Гевгелија и Куманово, минус шест во Скопје Зајчев Рид до минус четири Дојран.
Врнежи во текот на изминтото деноноќие имало во Струмица, Демир капија, Дојран, Куманово и Виница, а снежната покривка е највисока во Маврови Анови 65 сантиметри. Во Крушево има снег 32 сантиметри, 27 во Битола, 25 Тополчани, 14 Попова Шапка, 13 Демир Капија, 12 Струмица, 10 Берово, Пожаране, Лазарополе и Ѓуриште, осум Дојран, шест Прилеп, три Претор и Крива Паланка, два Штип и еден сантиметар Куманово.