Магазин 02. април 2020. / 22:16

Берни Еклстоун на 89 години повторно ќе стане татко

Берни Еклстоун на 89 години повторно ќе стане татко

Милијардерот Берни Еклстоун (89) ќе стане татко по четврти пат откако неговата сопруга Фабијана Флоси (44) е бремена.

Ова ќе биде првиот син на парот, а треба да се роди во јули.

Како родители, имаме само една желба – нашето бебе да се роди здраво – велат за медиумите Берни и Фабијана.

Еклстоун е татко на три деца и има пет внуци. Тој во моментов е на неговиот имот во Бразил, каде што е изолиран поради пандемијата на корона вирусот.

Берни од првиот брак со Ајви Бамфорд има ќерка Дебора (65). Тој беше оженет со Хрватката Славица Еклстоун (61) од 1985 до 2009 година. Со неа ги има ќерките Тамара (35) и Петра (31). Три години откако се развел од Славица, се ожени со Фабијана.

Берни и Фабијана се познавале со години пред да почнат да се забавуваат, но тогаш нивниот однос бил чисто професионален. Дури по разводот на Берни, тие ја започнале својата романса откако се нашле на истото крстосување во Хрватска.