Магазин 18. јули 2020. / 16:01

Бекамови ќе прават свадба на синот во Црна Гора

Бекамови ќе прават свадба на синот во Црна Гора

Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин, по петмесечна врска со актерката Никола Пелц, решија да се венчаат, а свадбената церемонија ќе ја направат на „Свети Стефан“ во Црна Гора.

Првенецот на Бекам, неодамна доби благослов од своите татко и мајка, па сврши со својата девојка.

Иако се во врска само пет месеци, потомокот на славниот фудбалски ас не можеше да и одолее на неговата четири години повозрасна девојка, па реши да се ожени со неа.

Како што пишуваат српските медиуми, свадбената церемонија е закажана за мај наредната година, а според нивните желби ќе биде интимно и затворено за јавноста. Младенците ќе се венчаат на плажа.

Инаку, Дејвид и Викторија Бекам беа на летен одмор на „Свети Стефан“ во 2018 година, каде потрошија цело богатство пари.