Магазин 28. февруари 2020. / 14:31

Балканска држава ќе биде еден од организираторите на Светското првенство во ракомет во 2025 година

Балканска држава ќе биде еден од организираторите на Светското првенство во ракомет во 2025 година

Хрватска ја доби довербата и заедно со Данска и Норвешка ќе го организираат Светското првенство во ракомет 2025 година.

Управниот одбор на ИХФ, денес едногласно ја потврди одлуката во Каиро. Земјата од поранешна Југославија по вторпат ја доби довербата и по добро одработената задача во 2009 година, ќе биде ко-домаќин на Мундијалот.

Освен Мундијалот во 2009, Хрватска беше организатор на Европските првенство во 2004 и 2018 година.

На Светскиот шампионат ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат респределени во осум групи, од кои четири ќе се играат во Хрватска, а по две во скандинавските земји. Мундијалот наредната година се игра во Египет, додека во 2023 година ќе се одржи во Шведска и Полска.