Косовската навивачка група Дардани ќе има помош од тетовските Балисти на бараж натпреварот од полуфиналето на Лигата на нации што ќе се игра на 26 март во Скопје.
Со ова, Дардани се пофалија на совјата Фејсбук страна каде најавуваат опсада на македонската престолнина.
Подоцна истото го потврдија и навивачката група Шверцери.
Претходно, навивачите на Шкупи, Шверцери се оградија од организирано следење на натпреварот, односно му одбија поддршка на Косово со образложение дека тие навиваат само за Албанија.