Бали донесе забрана за посета на странски туристи до крајот на 2020 година, заради опасноста од корона вирусот. Ова го соопшти управникот на индонезискиот остров, откако го отфрли планот за укинување на безбедносните мерки, што требаше да стапи во сила од идниот месец.
Светски познатата туристичка дестинација донесе одлука за повторно отворање на плажите, храмовите и другите туристички атракции за домашните, индонезиски граѓани кон крајот на јули и најави дека странските туристи ќе можат да доаѓаат од 11 септември. Но, планот е изменет поради пораст на бројот на заболени од корона вирусот во целата држава.
На островот Бали се регистрирани околу 50 смртни случаи и малку над 4.000 заболени. Во Индонезија, пак, бројките се значително поголеми-6.680 смртни случаи и и над 153.000 заразени, но поради ограничениот број тестови се смета дека вистинскиот број е значително поголем.