Новата сезона во Формула 1 е пред нас, а со оглед на фактот што календарски првата трка за големата награда на Австрија е откажана ќе се стартува со онаа во Бахреин.
Истата е закажана за 28. март, а целокупниот Формула 1 карван наскоро ќе се пресели таму поради адаптација и нормално тренинзи.
Па така, владата на оваа земја, се реши да им излезе во рпесрет на сите учесниси посредни и непосредни во овој настан кои ќе пристигнат на нејзина територија, да бидат бесплатно вакцинирани против Ковид 19.
Во Бахреин во моментов само за информација се достапни пет видови на вакцини и тоа е држава која во моментов има еден од највисоките проценти на ваквинација во светот.