Магазин 20. јануари 2020. / 21:21

Атиџе ги остава пчелите: Добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Атиџе ги остава пчелите: Добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана во Општината, а нејзината куќа ќе добие нов кров.

Тој денеска ја посетил Атиџе, а меѓудругото ѝ ветил и дека нејзините две песни ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.