Магазин 06. октомври 2019. / 18:50

Астронаути на НАСА на задача надвор во вселената (ВИДЕО)

Астронаути на НАСА на задача надвор во вселената (ВИДЕО)

Космонаутите на НАСА, Кристина Кук и Ендрју Морган  ја напуштија Меѓународната вселенска станица за да извршат работни задачи во отворената Вселена. Тие двајца изведуваат замена на батериите на соларните антени на станицата.

– Тие двајца ќе работат надвор во вакуумот на вселената околу шест часа и 30 минути – изјавија од агенцијата.

Планот на НАСА предвидува излези во отворен космос на пет дати во октомври и уште пет излеза се планирани за ноември.

Тоа се работни задолженија за ремонт и модернизација на алфа-магнетниот спектометар кој се наоѓа на надворешната површина на МВС.