Магазин 21. мај 2020. / 23:30

Педесет отсто од Германците ова лето не планираат да одат на патувања

Педесет отсто од Германците ова лето не планираат да одат на патувања

Половина граѓани на Германија оваа година поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, годишните летни одмори ќе ги поминат дома и не планираат никакви патувања, покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено од Институтот Инфратест димап.

Анкетата е спроведена по барање на германската АРД телевизија, во која 19 отсто од испитаниците планираат да заминат во некоја странска земја, а само три отсто планираат одмор надвор од Европа.

Според испитувањето, 15 проценти Германци се уште не се сигурни каде ќе го поминат одморот оваа година.