Урнебесна разврска на социјалните мрежи. Откако синоќа граѓани го исмеваа провладиниот аналитичар Ненад Јовановиќ затоа што го воспеваше премиерот Зоран Заев тој денес им се закани со ЦИА и Владата.
Јовановиќ вчера напиша дека Заев не бил приватно лице, туку најголем јавен интерес за државата!
На ова следуваа исмевачки реакции на социјалните дека вакво “вовлекување” до сега не е видено.
На овие исмевачки коментари, Јовановиќ одговори дека реакцијата на троловите ја следеле од ЦИА и од владата. А тој сите хејтери ги архивирал!
Инаку, овој контроверзен политички аналитичар кој не крие дека е активист на партијата СДСМ и во минатото има вакви додворувачки коментари.