Еден од најмоќните американски парови се разведува.
Британско-американската новинарка и уредничка на списанието „Вог“, Ана Винтур (70) стави крај на бракот со милионерот Шелби Брајан (74) по 16 години.
Имено, Ана, која во високото општество е позната како „модна мајка“, се омажи двапати во животот.
Прво беше во брак со Дејвид Шефер (84) од 1984 до 1999 година, со кого има две деца – ќерката Би (33) и синот Чарлс Шефер (35), а потоа во 2004 година повторно се омажи за згодниот Шелби.
Парот, кој некогаш беше нарекуван еден од најмоќните парови во светот, сега не се појавуваат никаде заедно, иако важеа за еден од похармоничните парови.
На црвениот тепих, тие секогаш беа беспрекорно облечени, ретко се држеа за раце и се смееја еден со друг, а Шелби секогаш изгледаше барем 15 години помладо, иако беше 4 години постар од Ана.
Тие минуваа низ брачна криза што резултираше со развод веќе некое време, а не е познато која е вистинската причина за падот на оваа љубов.
Странските медиуми јавуваат дека Шелби неодамна значително се зближил со неговата поранешна сопруга Кетрин Брајан, со која го има синот Џек Брајан (35) а кој го напуштил поради Ана.
Неодамна беше откриено дека Шелби Брајан и должи 1,2 милиони долари данок на државата а се сомнева дека тоа била првата причина за разводот.