Магазин 06. јануари 2021. / 12:45

Ако одите за Охрид за Божик, паркирањето ќе биде бесплатно

Ако одите за Охрид за Божик, паркирањето ќе биде бесплатно

По повод големиот православен празник Христово раѓање – Божик, во текот на утрешниот ден на територијата на Општина Охрид ќе биде бесплатно паркирањето моторни возила на сите јавни паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“.

Во соопштението од Јавното претпријатие се посочува дека на таков начин се приклучуваат кон одбележувањето и славењето на Христовото раѓање, со празнични честитки до верниците и желби за многу здравје и бериќет.