Магазин 08. мај 2020. / 17:00

Ајкула тешка 330 килограми уловена во близината на Кавала

Ајкула тешка 330 килограми уловена во близината на Кавала

Вид на ајкула тешка околу 330 килограми, уловиле рибарите во близина на грчкиот град Кавала, објавија локалните медиуми.

Според истите информации, станува збор за вид кој често е на мета на риболовците и е речиси загрозен вид пред истребување.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека не е јасно дали ајкулата случајно се заплеткала во мрежите пуштени од специјалниот брод за риболов или била намерно уловена.