Адвокатите на загинатиот пилот Аре Зобајан, кој е застапуван од неговиот брат Берг, тврди дека обвинетиот не е крив за падот на хеликоптерот во кој загинаа деветмина вкучувајќи го Коби Брајант, пренесува СиЕнЕн.
Во судскиот документ се наведува дека сите повреди и штети настанале од падот на хеликоптерот предизикани од невниманието и вина на патниците кои биле свесни за ризикот, соопшти братот на обвинетиот пилот кој исто така почина во несреќата.
– Немарноста на патниците бил факторот кој во најголема мера придонел до штета и повреди кај лицата во хеликоптерот покрај неговиот пад, за кој обвинетиот не сноси одговорот, се наведува во овој документ.
Документот претставува одговор на тужбата на вдовицата на Брајант, Ванеса чии адвокат ја поднесе на 24 февруари, ден откако беше одржана меморијална служба за познатиот кошаркар и неговата ќерка Џијана.
Ванеса за смртта на сопругот и ќерката и останатите патници ја обвини компанијата во чие сопственост се наоѓал хеликоптерот и пилотот кој со него управувал.
Адвокатите на обвинетиот пилот истакнаа дека обвинетиот не влијаел ниту имал право да влијае на однесувањето на патниците и побараа отфрлање на обвинението.
Во останатите случаи каде се подигнати обвиненија за несреќата, обвинета е компанијата, но не и пилотот.