Поранешната бразилска фудбалска sвезда Роналдињо денеска го слави својот 40-ти роденте, но тоа што е невообичаено е што тој слави зад решетките во Парагвај, откако беше уапсен за влез во земјата со лажен пасош.
Роналдињо може да биде осуден на шест месеци затвор за употреба на лажен парагвајски пасош при пристигнувањето во главниот град Асунсион на 4 март. Неговата верзија дека не знаел дека пасошот е лажен, бидејќи сметал дека е сувенир е, благо речено, наивно. Токму на неговата наивност е изградена неговата одбрана.
– Тој е глуп. Не разбрал во што влегува. Можел да користи и бразилски пасош, вели неговиот адвокат Адолфо Марин.
Судот во неколку наврати ги отфрли барањата за промена на притворот во куќен притвор под изговор дека Роналдињо би можел да избега. Неговиот притвор, сепак, се покажа како дел од истрагата за перење пари од големи размери. Роналдињо секогаш оставал неговиот брат Роберто, кој исто така беше приведен и веројатно организирал сè, да ја води деловната страна од неговата кариера.
Шпанскиот весник „Ас“ потсетува дека пред години, тој договорил групи јапонски туристи да патуваат покрај куќата на Роналдињо за надомест, а тој мавтал од балконот.