106-годишната француска пијанистка Колет Маз се подготви за издавање на нејзиниот шести албум, со наслов „Храна за мојата душа“, објави Ројтерс.
Неодамна снимениот албум, кој треба да излезе во април, вклучува настапи на Дебиси и Ерик Сати.
Единствениот син на пијанистката, Фабрис, роден во 1949 година, сподели дека таа е доказ дека некое лице дури и на 106 години може да остане во добра форма и да им донесе радост на луѓето, пренесува БНР.
Родена во 1914 година, Маз започна да свири пијано на четиригодишна возраст.