На социјалните медиуми се појави фотографија од државно знаме фрлено во контејнер.
Според информациите, фрленото знаме било забележано во Карпош 4, а сѐ уште не се знае кој го фрлил.
Кривичниот законик забранува подбивање со државното знаме и за тоа во членот 178 е предвидена парична казна. До пред 2013-та година за фрлање и уништување на знамето имаше построга затворска казна до три години.