Пожарот што денеска избувнал во објект на лозје во Неготино однесе една жртва.
Информацијата за пожарот за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој рече дека во моментов се врши увид на самото место, каде што има пожарникари, полициска увидна екипа и јавен обвинител. Не можеше да даде повеќе детали.
Од Обвинителство потврдија за МИА дека има една жртва.