Вчера во Секторот за внатрешни работи Тетово Р.К. од село Нераште, тетовско пријавил дека истиот ден околу 13,10 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово непознато лице почнал да го навредува и сакал физички да го нападне по што бил спречен од страна на случајни минувачи.
„Потоа во 15,00 часот на улица „Илинденска“ каде Р.К. изведувал градежни работи на куќа, дошло истото лице и му вперило пиштол, но Р.К. му ги фатил рацете, а лицето испукало еден куршум во подот. Во тој момент дошло уште едно лице кое физички го нападнало пријавителот, а другото лице му задало неколку удари со пиштолот во пределот на градите и лицето. Едно од лицата кои работеле на куќата почнал да викна дека доаѓа полиција, по што двајцата избегале. Р.К. по настанот се упатил во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.Истиот ден во 15,40 часот во полициската станица во Тетово се пријавил35- годишниот Д.М од Тетово.„ стои во соопштение од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот и подигната била една чаура за вештачење. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.