Полицијата вчера пронашла 14 мигранти во патничко возило „фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило во близина на паркинг на автопатот Гевгелија – Демир Капија. Дванаесет мигранти се од Авганистан, а двајца од Сирија.
Лицето кое го управувало возилото, од село Студеничани, е лишен од слобода.
– На 31.01.2020 во 21.10 часот во близина на паркинг „Милетково“, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, бил лишен од слобода С.А.(25) од с.Студеничани, скопско, кој управувал патничко возило „фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило, бидејќи при контрола од полициски службеници во возилото биле пронајдени 14 лица-мигранти (12 од Авганистан и двајца од Сирија). С.А. и лицата-мигранти се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка., стои во билтенот на МВР.