Хроника 22. декември 2020. / 20:02

Жител на Сингелиќ во специјални бункери криел дрога и оружје

Жител на Сингелиќ во специјални бункери криел дрога и оружје

30-дневен притвор заработи 27-годишниот дилер од Сингелиќ кај кого беа пронајдени 4 и пол килограми хероин, килограм кокаин како и оружје.

Јавното обвинителство отвори истражна постапка, а скопјанецот ќе се товари за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, како и за „неовластено изработување, држење, посредуввање и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

При извршен претрес вчре, во 12.30 часот, во семејната куќа на осомничениот, во помошна просторија – гаража во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, службените лица пронашле наркотична дрога – хероин спакувана и обвиткана во различни пакувања во вкупна грамажа од 4070,4 грама и наркотична дрога – кокаин спакувана во различни пакувања со вкупна тежина од 864,98 грама. Осомничениот заедно со дрогата која ја држел неовластено заради продажба, криел и една дигитална вага DIGITAL SCALE. Во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар и тоа 150 куршуми калибар 9мм Luger спакувани во различни кутии, 44 куршуми калибар 357 и 19 куршуми калибар 9мм, како и еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми калибар 9 мм, еден револвер марка МАГНУМ 357, како и 7357 М 83/94 ZASTAVA со шест куршуми калибар 357 MAGNUM, велат од ОЈО.