Во текот на вчерашниот дена маж и жена од Скопје биле нападнати од 55- годишен маж и неговиот син.
Имено, вчера околу 19.00 часот на улица „376“ во Скопје,31- годишниот А.И од Скопје и неговата сопруга 29- годишната С.И од Скопје биле физички нападнати од лицето 55- годишниот Р.А од Скопје и неговиот син 23- годишен А.Аод Скопје, се вели во полициското соопштение.
Притоа, А.А. со секира во левата рака го удрил А.И., а С.И. ја удирале со рака во пределот на лицето и лактот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.