Хроника 19. јануари 2021. / 12:19

Жена удрила во четири паркирани возила, пренесена во болница

Жена удрила во четири паркирани возила, пренесена во болница

На 18.01.2021 во 20.10 часот во МВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила.

Таа удрила во „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(63) и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И.(32), сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа од МВР Скопје.