Хроника 12. март 2020. / 11:28

Жена со автомобил во Скопје удрила во бандера

Жена со автомобил во Скопје удрила во бандера

А.Г.(40) од Скопје се здобила со тешки повреди откако со автомобил „фолксваген поло“ кој го управувала, удрила во бандера и ограда.

Несреќата, информира МВР, се случила утринава околу 3 часот на ул.„Тодор Александров“ во Скопје.

Со несреќата жената е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.